243
Кина им препорача на државните увозници да престанат со препродажба на течен природен гас на странски клиенти, бидејќи владата сака да обезбеди сигурно снабдување на своето население во зимската грејна сезона, објави денеска агенцијата „Блумберг“.
Упатени во оваа работа изјавија за американската новинска агенција дека Националната комисија за развој и реформи побарала од компаниите PetroChina, Sinopec и CNOOC да ги зачуваат зимските залихи за домашна употреба, пренесува „Раша тудеј“.
Домашната побарувачка за енергија во Кина е намалена во последните месеци, што го натера Пекинг да го препродаде вишокот на течен природен гас на глобалниот пазар. Меѓу главните купувачи беа Европа, Јапонија и Јужна Кореја.