По одложувањата, откриено кога ќе биде прикажан документарецот за Хари и Меган

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Откако принцот Хари (38) и Меган Маркл (40) побараа одложување на објавувањето на нивниот документарен филм, сега доаѓа информација дека премиерата на филмот ќе биде на Нетфликс во декември оваа година, пренесува Page Six.

Се шпекулираше дека Хари и Меган побарале одложување поради негативни реакции за петтата сезона на серијата „The Crown“, која треба да излезе на 9 ноември. Биографите и коментаторите на кралското семејство веќе остро ја критикуваат новата сезона, која излегува два месецa по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Новата сезона раскажува за Чарлс кој, додека се уште е принцот од Велс, прави заговор за соборување на кралицата. Продуцентите ги отфрлаат ваквите критики и истакнуваат дека „секогаш ја најавувале серијата како фикција базирана на историски настани“.

– Беа изнервирани од Нетфликс, па решија да преземат нешто и го одложија документарецот – рекол изворот.

И покрај коментарите, одложувањето на нивниот документарен филм сè уште нема никаква врска со излегувањето на новата сезона на „The Crown“.

– Колку што знам, документарецот треба да се прикаже кон крајот на годинава – вели информиран извор за Page Six.

Нетфликс допрва треба да објави официјален датум на објавување, а упатените велат дека се уште има проблеми со документарецот. Имено, Хари и Меган дадоа коментари кои не се совпаѓаат со она што го напиша принцот во неговите претстојни мемоари.

Слични содржини