„Благоевград нема да биде центар за провокации“: Општината го забрани отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

од Берта Китинска
167 прегледи

Советот на Општина Благоевград го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет, потврдуваат од НОВ АСНОМ за „Локлано“.

Оттаму велат дека вечерва ќе има состанок во забранетиот Македоснки клуб каде што ќе се дискутираат неколку теми.

-Очекуваме информација да ни биде доставена по состанокот и потоа ќе ја информираме јавсноста, појаснуваат од НОВ АСНОМ.

Во образложението на декларацијата од општината се вели дека градот нема да биде „центар за провокации“.

– Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации – се вели во образложението на декларацијата изгласан од Советот на овој бугарски град.

Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Први со реакција излегоа од партијата на Апасиев.

Јована Мојсоска од Левица коментира дека на Бугарија ѝ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист, стрелан од фашистичката влада, а не ѝ пречи да да ги глорифицира фашистичките крвници Ванчо Михајлов. Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам, објави Мојсоска на социјалните мрежи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека нема никакви информации за бугарската забрана да се регистрира македонско здружение во Благоевград.

-Ќе дозволите да се информирам повеќе со тоа што имало одлука на Советот на Благоевград, па потоа да коментирам за да ги имам сите информации, рече денеска Османи.

За македонските напори пак за справување со бугарските провокации се повика на законот но тврди дека тој не треба да важи ретроактивно бидејќи негативно може да влијае врз македонско – бугарските односи.

Пред извесен период канцеларијата на клубот беше цел на вандализам од страна на непознат сторител или сторители и буквата „м“ од натписот на клубот беше избришана.

Отворањето на клубот во Благоевград беше најавено од премиерот Ковачевски, како одговор на отврањето на бугарските клубови во Македонија.

Б.М.

Слични содржини