Македонија ќе бара директна помош од ЕК за индустријата, утре ќе се испрати писмо

од Nikola Popovski
204 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска најави дека Македонија утре ќе ги достави барањата во делот на поддршката што треба да се обезбеди од Европската комисија.

-Нашите барања ќе бидат за директна помош на индустријата и директна помош со кофинансирање на ЕК, заедно со државниот буџет, за поддршката на малите потрошувачи. Ќе ја прошириме листата на ранливи категории од 1-ви јануари со поддршка на ЕУ. Ќе бараме кофинансирање на проектите и субвенциите или пак за сите домаќинства или мали компании кои ќе направат инвестиции на нивните покриви, рече Бектеши во емисијата „24 отворено“.

Тој не сакаше да открие за колку пари станува збор.

-Утре ќе испратиме писмо до ЕК. Во моментот кога ќе добиеме одговор, ќе објавиме. Најверојатно тоа ќе биде наредната недела, бидејќи претседателката Урсула Фон дер Лајен доаѓа во посета на земјава и може ќе објави што ќе следи како помош од ЕК. Јас очекувам Брисел да даде поголема поддршка за нашата земја, бидејќи сме направиле поголеми отстапки, додаде Бектеши.

Слични содржини