151
ДУИ ќе излезе посилна и покрај забелешките на групата од огнените. Не очекувам драстични промени бидејќи во партијата се дебатира за проблемите и тоа е добар показател, вели за Студио 10 пратеникот Арбен Зибери.
– ДУИ од кога постои, години назад, секогаш имало дебата и тоа е добро за една партија. Мислам дека никој нема да изгори. ДУИ ќе излезе посилно од оваа дебата. Ги знаеме заблешките на групата којашто се нарекува огнена група. Едно од нивните барање и формриање оргaните на партијата кој се случи на 15 – генерaлниот совет избра ново раководство на партијата. Таму членува и таа огнена група. Во ДУИ нема да има проблем. За разлика од минатото ова беше јавно. Не е дека немало порано. – изјави Зибери.