По барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје. Барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ е да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП „Скопје“.
– Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници – се вели во соопштението.
Оттаму бараат градоначалничката Данела Арсовска заедно со надлежните сектори до петок до 12 часот да донесе одлука за пренамена на пари за ЈСП „Скопје“ како би се овозможило непречено функционирање на претпријатието и исплата на плата.
– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без јавен превоз – стои во иницијативата за свикување вонредна седница, која ќе се одржи денеска во 14 часот.