Африм Муча претседател на независниот синдикат на возачите во ЈСП Скопје, на денешната прес-конференција посочи дека бил обвинет од страна на в.д. директорот на ЈСП дека тој е „бомбашот“.
-Утрово кога пристигнав на работа имав мала расправија со в.д.директорот Александар Стојковски кој јавно пред сите ме обвини дека јас тој бомбаш, тоа е голем срам ангажирав адвокат за клевата, кажа Муча додвајќи дека Стојков му се обратил со заборовите: „Африм, ќе видиш што ќе ти се случи, ова ти го направи денеска“.
В.Д директорот на ЈСП, Александар Стојковски демантираше дека упатил обвинување кон синдикалниот лидер Муча дека тој е одговорниот за дојава на бомбата. Тој рече дека не е прв пат во ЈСП да доцни платата.
„Плата вработените ќе добијат“ рече Стојковски и додаде дека средства ЈСП за превоз на студентите и учениците претходно добивало и за време на ковид пандемијата кога немало настава со физичко присуство и за тоа има соодветна документација.