Трајановски: Директорот на ЈСП не е квалитетен затоа што не го слуша Мицкоски

од Берта Китинска
248 прегледи

Денеска имаше дојава за бомба дека е поставена во ЈСП, тој некој кој информирал е фатен, вели Александар Трајановски, советник во Советот на Град Скопје од партијата ГРОМ на денешната вонредна седница.

-Ако не ја слушате советничката група на ВМРО-ДПМНЕ тогаш не сте квалитетен кадар, ако го послушате Мицкоси тогаш сте квалитетен кадар. Директорот на ЈСП не е квалитетен затоашто не го слуша Мицкоски , вели Трајановски.

Тој уште еднаш кажа дека денешниот протест на Град Скопје бил симболичен, и дека возниот ред на ЈСП не е доведен во прашања.

На вонредната седница, Советот на Град Скопје денеска расправа за иницијативата поднесена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за носење одлука за пренамена на средства од градскиот буџет за ЈСП „Скопје“.

Слични содржини