Битолчанец извршил кражба во Апелациониот суд во Битола

од Берта Китинска
194 прегледи

Синоќа во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица го привеле 27-годишниот С.Б. од Битола.

Според информациите од МВР, тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелационен суд Битола на бул.„1 Мај“ и одзел повеќе предмети.

„Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот. Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Слични содржини