Најнова одлука на РКЕ: Поевтинува мазутот

од Nikola Popovski
163 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со
која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на
одлуката од 17.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат намалување во просек: кај бензините за 1,499%, кај дизелот за 0,331%, кај екстра лесното
масло за 0,005% и кај мазутот намалувањето е за 2,826%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,077%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како ина ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,115 ден/кг и сега ќе изнесува 49,919 ден/кг.

Од 20.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,919 (денари/килограм)

Слични содржини