Господинот Николоски не бил вклучен во преговорите како заменик-претседател на неговата партија. Можеби бил избрифиран од неговите колеги. Јас наведов и вчера дека ЕФЕТ договор е некаков вид на меморандум за разбирање и редовно се прави во склоп на ЕУ. Ние чекаме конкретна понуда со цена, количини, начин на испорака и банкарски гаранции за нашите граѓаните да бидат обезбедени, рече министерот за економија, Крешник Бектеши како одговор на новинарско прашање, откако вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ изнесе информација дека е потпишан тн. ефет договор помеѓу ЕСМ и контактот, односно позицијата која беше дадена од страна на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на поевтин гас.
-Кога ќе имаме таква понуда, обврска на ЕСМ е да ја одбере најдобрата и најповолната понуда, додаде Бектеши.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред два дена не сакаше да ги открие имињата на фирмите што ги понуди како контакти до Владата, за набавка на поевтини енергенси, бидејќи вели дека „нема авторизација“.