Георгиев: Имаме замрзнати односи со Бугарија, Џамбаски е маргинален политичар

од Nikola Popovski
150 прегледи

Политикологот Гордан Георгиев смета дека немаме подобрување на односите со Бугарија.

-Ни велат дека сме почнале преговори што би значела Бугарија кренала некаква рампа, а односите не се подобрени. Освен некакви шепкања по бриселските кулоари. Во суштина ние немаме никакви подобрувања на односите и имаме замрзнати односи, што е полошо од некаков пинг-понг меѓу двете држави. Консензусот меѓу двете најголеми политички партии за измена на законот за здруженија мислам дека може да биде основа на некаков гард до каде ние можеме, иако тој гард се поместуваше во текот на годините, рече Георгиев во емисијата „Само вистина“.

Според него, треба подетално да ги следиме случувањата во Бугарија и најавите на некои политички актери таму за враќање на бугарското вето за Македонија.

-Џамбаски е маргинален политичар, чија партија е веќе на комплетни маргини. Некакви маргинални ликови не треба да имаат толкав одглас во македонското општество. Ние ако се храниме со него, никогаш нема да стигнеме, рече Георгиев.

Слични содржини