Професорката од Правниот факултет, Ана Павлоска Данева смета дека Централниот регистар има и сега можност да спречи упис здруженија на граѓани, чија програма ги нарушува правата и слободите на други.
– Ако со нивното здружување предизвикуваат верска, расна или национална нетрпеливост и омраза, регистарот може тоа да го блокира и да не дозволи такво регистрирање. Исто така ако го содржи името Македонија, тогаш е потребна согласност од Министерството за правда. Слушнавме дека Правда при регистрацијата на „Ванчо Михајлов“ не дало согласност. Кога како здружение ги поднесувате документите, меѓу другото треба да поднесе и согласност. Ако еден документ ви фали, ваш органот не ви го дава решението. Се уште може Централниот регистар да го прогласи сопственото решение за ништовно, рече Данева во емисијата „24 анализа“.