Скопјани денеска останаа без јавен превоз. Автобусите на ЈСП останааа паркирани во двете бази на претпријатието во Ѓорче Петров и Автокоманда.
Вработените уште од 04:30 часот утринава се собрани во кругот и јавното претпријатие барајќи исплата на септемвриската плата.
-Од утрово сме собрани.Автобусите не тргнаа.Ги чекаме платите, вели вработен од ЈСП за „Локално“.
На вонредната седница на Советот на град Скопје беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалничката Данела Арсовска со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на градот за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието.
За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.
Од синдикатите изјавија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна.
Б.М.