Независниот пратеник Кастриот Реџепи, коментирајќи ги гласините за влез на Алијансата за Албанците (АA) во Владата изјави дека би било добро сегашното мнозинство што повеќе да се прошири.
– Преку медиумите слушнав дека можеби АA може да влезе во Владата, но од друга страна слушнав јасни изјави дека нема ништо во оваа насока. Лично би сакал мнозинството да се прошири што повеќе, блокот на проевропски партии, изјави пратеникот за „Лајм“.
Зборувајќи за работата на извршната власт како и јавниот судир на членови на ДУИ, според Реџепи, овие дебати, како што ги нарече, ги докажуваат демократските капацитети на оваа партија.
-Очекувам овие дебати да бидат затворени по 29 овој месец кога се очекува да се состане претседателството на ДУИ, нагласи тој.