Руските медиуми јавуваат дека 28 од 30 членки на НАТО гласале за тоа Финска и Шведска да бидат примени во тој воен сојуз.
Како што се забележува, Унгарија и Турција не го ратификувале приемот во НАТО, а генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, изјави дека сојузниците ќе реагираат доколку има притисок од Русија.
„Незамисливо е сојузниците да не дејствуваат доколку Шведска или Финска бидат под некаков притисок“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.
За потсетување, Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО.
Исто така, унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна изјави дека Европската унија треба да ги укине санкциите што ги воведе против Русија поради војната во Украина.
„Без санкции, Европа би можела да ја врати својата сила и би можела да ја избегне претстојната рецесија“, рече Орбан, повторувајќи го својот претходен став дека санкциите ѝ штетат на Европа повеќе отколку на Русија.