Американскиот претседател Џо Бајден беше збунет по говорот во Питсбург и не можеше веднаш да ја напушти сцената.
Бајден во четвртокот одржа говор во Питсбург за изградба и обнова на инфраструктурата низ целата земја. Американскиот лидер им се обрати на гласачите од местото каде што пред речиси девет месеци се урна мост, при што беа повредени десет лица.
На крајот од говорот, Бајден се оддалечи од подиумот и се сврте во спротивна насока од скалите. Неколку моменти, претседателот на САД збунето гледаше наоколу, гестикулираше и кажа нешто на глас. Потоа се сврте и побрза кон излезот.