Велика Британија: Започна трката за нов премиер

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Неколку британски пратеници, меѓу кои и поранешниот премиер Борис Џонсон, ќе се обидат да соберат поддршка во краток рок со цел да се најде замена за премиерката во заминување, Елизабет Трас.

Таа поднесе оставка во четвртокот по 45 дена на функцијата, признавајќи дека не може да ги исполни економските планови за намалување на даноците.

Како што пренесува АП, Конзервативната партија ќе одржи забрзана трка за пронаоѓање на својот заменик, новиот лидер на партијата, кој во рок од една недела ќе биде и премиер на Велика Британија.

Слични содржини