Даниел Редклиф се прослави со серијалот филмови „Хари Потер“, а малку е познато дека актерот одбрал да глуми случајно.
Даниел стана светска ѕвезда на само 12 години кога го толкуваше Хари Потер.
Него уште како дете му била дијагностицирана невролошка болест – диспраксија.
„Тешко ми беше на училиште, бев лош во се, без видлив талент“, изјавил Даниел за „Дејли Меил“.
Неговата мајка, за да му помогне, го запишала на глума, за што брзо сфатил дека ќе биде неговиот „повик“.
Во една прилика, Даниел откри како болеста го попречувала.
„Не можам да ги врзам врвките и имам ужасен ракопис. Како дете страдав од недостаток на самодоверба, бидејќи мислев дека сум смотан. Дел поради мојата диспраксија, сакав да станам актер“, рече тој.
Диспраксијата најмногу влијае на моторичките вештини, а активностите кои бараат координација се предизвик за заболените од оваа болест.