По извршените прегледи, Боки 13 се враќа во „Идризово“

од Берта Китинска
190 прегледи

Бојан Јовановски-Боки 13 синоќа е донесен на преглед во Ургентниот центар со анамнестички податок за физички напад. Констатирани се видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица.

-По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.

Боки 13 вчера бил нападнат од три лица во затворот „Идризово“ каде ја издржува затворската казна.

-На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР за „Локално“.

Боки 13 за случајот „Рекет“ доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.

Слични содржини