Мицкоски: Состојбата во ЈСП Скопје е речиси пред банкрот

од Nikola Popovski
171 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира до градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Скопје да ги надминат суетите и да се фатат со работа.

-Да почнат конечно да го испорачуваат тоа за кое што се платени и добија доверба. Бев зачуден од фактот што дел од советниците на ДУИ, советниците на СДСМ и градоначалничката беа против парите за плати на вработените, да бидат дадени од градот Скопје. За среќа тука беше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за, рече Мицкоски и додаде дека истото ќе биде предложено и за тековниот месец.

-Алармантна е состојбата во ЈСП. Лошото менаџирање таму е евидентно. Состојбата е речиси пред банкрот и доколку не се најдат средства и сили од буџетот на градот, треба под итно реструктуирање и поинаков начин на функционирање на јавните претрпријатија, како што е ЈСП, одговори Мицкоски на новинарско прашање.