Ковачевски: Наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите, затоа и ги зголемивме пензиите

од Берта Китинска
176 прегледи

Од повозрасните може многу да се научи. Тоа ми се потврди и низ денешниот разговор со пензионерите, наши сограѓани од Ѓорче Петров, напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

-Во време на криза, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите. Затоа и ги зголемивме пензиите, и се осигуравме дека и понатаму ќе растат. И затоа за нив има директна финансиска поддршка додека трае оваа тешка зима. Пензионерите заслужуваат достоинствено да ги поминат пензионерските денови, сите ние сме нивни деца, напиша премиерот.