На новата генерација политичари во Македонија, новата генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврска и привилегија да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека ние сите можеме да одговориме на тој предизвик, онака како што само знаееме и умееме – цврсто, храбро и мотивирано да го одбраниме најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ, рече Христијан Мицкоски на научниот симпозиум 129 години ВМРО „Борбата за Македонија која трае“, што денеска го организираше политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Тој напомена дека одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ е да се задржат младите тука, да се направи здравство кое ќе биде конкурентно, да се задржат луѓето со знаење и вештини во државата.
-Македонскиот народ, но и граѓаните во Македонија, сите останати, не само Македонци туку и Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и останати кои денес живеат во Македонија сакаат да знаат што понатаму во иднината и каков план има ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на организацијата, за иднината и што се чекорите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе за таа иднина, бидејќи денеска секој во Македонија очекува од ВМРО-ДПМНЕ државничко и одговорно однесување, без разлика што на централно ниво е ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој порача дека иднината е она за која сите ние треба да се бориме, да обезбедиме иднина на поколенијата кои ќе дојдат после нас, а за тоа, како што рече, потребен е голем општествен договор.