Будењето пред 7 часот наутро може да го подобри вашето ментално здравје и продуктивност

од Берта Китинска
195 прегледи

„Кој рано рани, две среќи граби“ е стара поговорка која се однесува на оние кои претпочитаат да стануваат рано за да се справат со своите задачи.

Но, дополнителните придобивки од овој пристап може да ги поттикнат ноќните бувови да ги преиспитаат своите лични преференции. Според новата студија објавена во JAMA Psychiatry, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Питсбург, рано будење – и останување активни во текот на денот – може да ја подобри вашата ментална состојба, здравје и севкупна продуктивност, особено ако сте постара личност.

– Има нешто во тоа да започнете рано, да останете активни цел ден и да ја следите истата рутина секој ден. Се чини дека ги штити постарите лица – рече д-р Стивен Смагула, водечки автор на студијата и доцент по психијатрија и епидемиологија на Универзитетот во Питсбург и додаде: – Она што е возбудливо за овие наоди е тоа што шемите на активност забележани беа доброволни, што значи дека намерните промени во дневните рутини можат да го подобрат здравјето и благосостојбата на секој што ги прави.

Откако една недела проучуваше 1.800 возрасни лица на возраст над 65 години – и го следеше нивното движење со фитнес часовници и ги анализираше нивните прашалници поврзани со когнитивните способности – тимот откри дека скоро 38 проценти од учесниците се разбудиле рано и продолжиле да се движат.

– Многу постари луѓе имаа фиксни обрасци – стануваат во просек пред седум часот наутро и продолжуваат понатаму, така што остануваат активни околу 15 часа секој ден. Тие, исто така, имаат тенденција да ја следат истата шема од ден на ден – забележува Смагула: – И ете, истите овие возрасни лица беа посреќни, помалку депресивни и имаа подобра когнитивна функција од другите учесници.

Иако 32,6 проценти од учесниците во студијата одржувале редовна рутина, тие биле активни само 13,4 часа секој ден – резултат на тоа што се будиле подоцна или биле помалку активни навечер. Истражувачите забележале дека тоа ги навело да имаат повеќе депресивни симптоми и пониски когнитивни резултати од оние кои се разбудиле околу седум наутро.

Конечните 29,8 проценти од волонтерите биле неконзистентни со нивната дневна рутина, што довело до дополнително опаѓање на менталното здравје и когнитивното тестирање.

– Нашите наоди сугерираат дека нарушувањето на шемата на активност е многу честа појава и поврзана со здравствени проблеми кај постарите лица – истакнува Смагула и заклучува: – Врската е веројатно двонасочна, па добрата вест е што мислиме дека едноставни промени – работи што секој може да ги проба – може да ги врати редовните шеми на активност и дека тоа може да го подобри здравјето.

Слични содржини