Честото будење во текот на ноќта може да биде симптом на „тивок убиец“: Еве кога е време да се загрижите

од Vladimir Zorba
505 прегледи

Ако се будите во текот на ноќта и имате висок крвен притисок, ова може да биде предупредувачки знак.

Имено, во текот на денот крвниот притисок на возрасен човек не треба да биде повисок од 120/80, додека навечер, кога притисокот треба природно да се намалува, треба да биде 110/65 mmHg.

Има луѓе кои патат од ноќна хипертензија, односно висок крвен притисок кој се јавува само додека спиеме.

Многумина не знаат дека високиот крвен притисок кој се јавува ноќе е исто толку опасен како и во текот на денот. Ноќната хипертензија често се нарекува „тивок убиец“, бидејќи луѓето често не ја забележуваат или чувствуваат симптоми.

Симптоми на хипертензија

Еве кои работи може да укажуваат на висок крвен притисок во текот на ноќта:

– нарушување на спиењето
– често будење со потреба за мокрење
– апнеја при спиење
– отежнато дишење (може да предизвика здив или ‘рчење)

Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок (во текот на денот) имаат поголем ризик од висок крвен притисок и ноќе.

Одредени состојби може да бидат поврзани со појавата на ноќна хипертензија:

– хипертензија (дневно)
– ноќно мокрење
– опструктивна ноќна апнеја
– физичка неактивност
– недостаток на соодветен сон
– дијабетес
– болест на бубрезите
– висок внес на сол
– стрес

За точна дијагноза на ноќна хипертензија, неопходно е да се следи пациентот во текот на ноќта со помош на сфигмоманометар, односно холтер кој се носи 24 часа на ден. Ако почувствувате некој од горенаведените симптоми, задолжително консултирајте се со лекар.

Слични содржини