Луѓето што имаат проблем со алергии нема да имаат мир до летото, а голема е веројатноста за појава на алергиски реакции и во текот на летните месеци. Кај нас алергиите почнуваат на средината на февруари, ако нема снег, кога ветерот го носи поленот од планините. Во мај е зголемен бројот на пациенти што страдаат од алергии на трева, а во јуни имаат проблем оние што се алергични на липи. Пациентите со кивавица, чешање, пецкање или црвенило на очите, кашлање, задушување, главоболка, но и со стегање во градниот кош веќе почнаа да ги полнат лекарските ординации.
Со толку митови и суеверија поврзани со ублажување на алергиските реакции, тешко е да се снајдете и да одлучите кој е најдобриот начин за борба против непријатените алергии. Ова се најчестите погрешни „вистини“ и совети кои ќе ви помогнат полесно да го преживеете овој дел од годината.
Мит: Витаминот Ц е корисен кај алергиите
Вистина: Високото ниво на витамин Ц може да го намали нивото на хистамин во телото. Иако овошјето е богато со витамини, бидете внимателни ако сте подложни на алергии затоа што некои овошја, како што се јаболките, бананите, праските и сливите во големи количества можат да предизвикаат иста алергиска реакција како и поленот или одредени видови трева. Затоа, ако сте чувствителни, ставете го овошјето во микробранова печка 10 секунди за да деактивирате протеин. Пред консумирањето секогаш излупете ја кората.
Мит: Хипоалергиските раси на кучиња нема да ја влошат алергијата
Вистина: Пудлиците, шнауцерите или јоркширските териери се сметаат за хипоалергенски раси, бидејќи не се митарат и имаат помалку првут. Но, она што предизвикува алергија не е влакното туку протеинот кој се наоѓа во крвта на кучето, кој се излачува од кожата со потење. За жал, не постои научен доказ дека овие раси на кучиња произведуваат помали количества на овој протеин, па секогаш по играта со вашето домашно милениче добро измијте ги рацете со сапун и топла вода.
Мит: Нема прашина, нема алергии
Вистина: Сите ја знаеме старата изрека „Чистотата е половина здравје“ и секако треба да се задржи. Сепак, малата изложеност на нечистотија и бактерии е на некој начин здраво, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем. Затоа, не дозволувајте да станете роб на чистењето бидејќи прашината секогаш ја има и невозможно е да се искорени.
Мит: Перницата штити од грини
Вистина: Ако не сте ја испрале перницата повеќе од три години, треба да бидете свесни дека нејзината тежина во меѓувреме се зголемила бидејќи е преполна со прашина и грини. Подобро е да се одлучите за хипералергенски перници со дополнителна заштитна навлака со патент затворач. Навлаката треба да ја перете најмалку еднаш неделно, а перницата најмалку двапати годишно.
Мит: Освежувачите на просторот го прочистуваат воздухот
Вистина: Освежувачите на воздух во просторот содржат многу штетни хемикалии за оние кои страдаат од алергии, како формалдехид, нафтени дестилати и алкохол. Наместо вештачките освежувачи на воздух, подобро запалете свеќа која содржи природни етерични масла или обидете се со хипоалергенски спрејови врз основа на етерични масла.