Активисти за заштита на животната средина се залепија за Ферари автомобили на саемот во Париз

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Француската фракција на еколошкото движење Extinction Rebellion прогласи „победа“ откако десетина нејзини членови учествуваа на протестот со цел „да се разоткрие индустријата што ја загадува животната средина и се обидува да го испере својот имиџ со „зелени“ возила“.

Тие исто така ги критикуваа компаниите дека го промовираат „автомобилот како индивидуален транспорт на иднината“.

Организацијата Extinction Rebellion наведува дека автомобилскиот сектор придонесува со 15% во емисијата на гасови одговорни за ефектот на стаклена градина во Франција и се залага за поголема разновидност на јавниот транспорт.

Бараат и забрана за рекламирање на автомобилите како индивидуални превозни средства и подобрување на јавниот превоз.

Згора на се, еден од членовите на оваа еколошка организација ги полил со масло изложените суперспортски автомобили, а некои извори тврдат дека боја е во прашање.

Епилогот од овој инцидент е дека се уапсени 11 лица.

Слични содржини