Ковачевски разговарал со Рама и Вучиќ: „Да обезбедиме сигурна зима за сите граѓани“

од Nikola Popovski
184 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски одржал видео-конференција со премиерот на Албанија и претседателот на Србија како дел од иницијативата Отворен Балкан.

Ова утрово го објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Со Еди Рама и Димитар Ковачевски разговарав за заедничките чекори за обезбедување сигурна зима за сите наши граѓани, како и за претстојната средба во рамките на Берлинскиот процес. Отворен Балкан значи мир, просперитет и посигурна иднина за луѓето од нашиот регион, бидејќи заедно сме секогаш посилни, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

 

Слични содржини