Доцна синоќа пред својот дом бил претепан новинарот Зоран Божиновски, уредник на порталот „Буревесник“.
Според првичните информации, кои на својот ФБ профил ги објави Љупчо Палевски, Божиновски бил претепан пред својата зграда од маскирани лица со качулки.
Ова не е прв регистриран физички напад врз сопственикот на „Буревесник“, кој беше и на обвинителна клупа за случајот „Шпион“.