Маж нападнал малолетник пред основно училиште во Скопје

од Берта Китинска
192 прегледи

На 25.10.2022 во Полициското одделение Шуто Оризари бил извршен службен разговор со С.С.(42) од Скопје затоа што околу 09.00 часот на ул.„Индира Ганди“ пред основно училиште физички нападнал 13-годишен малолетник од Скопје, информира министерството.

Пo целосно расчистување и документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.