Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во емисијата 24 анализа рече дека сите догвоори потшишани со ЕУ се на службениот јазик на државата.
-Хистеријата беше создавана во периодот кога се гласаа заклучоците во Собранието. И тогаш хистеријата беше дека јазикот е предаден, дека е западно бугарски дијалект и сега доаѓаме до оваа ситуација. Фронтекс не е потпишан од 2018. Сите изјави дека се случило некакво предавство на јазикот паднаа во вода, денес е нормална ситуација. Целта беше да се маниулираа граѓаните. Денес во Бугарија Џамбаски имаше напади врз сите во Бугарија зошто прифатиле да се потпише договорт на македонски. Со потпишувањето на договорот сите лаги на опозицијата се демантирани. – рече Митревски.