Николовска од ДКСК: Не може пензионер да подари три станови на функционер

од Берта Китинска
282 прегледи

Катица Николовска од ДКСК во вечерашното гостување на емисијата #ClickPlus на ТВ21 вели дека не може пензионер да подари три станови на функционер.

„Во нашето досегашно работење и во она што е јавно познато во Македонија додека сме на функција секој на некој начин го затскрива она што на незаконски или на нелегален начин го стекнал. Се поклонува на пријатели, се добива на дар имот, а никој понатаму не оди да истражува дали тој дародавец имал позадина имал имот да го подари“, вели Николовска.

Таа вели дека не може пензионер да поклони три станови на функционер.

„ДКСК има ограничување на мандатот на истражување на имотите на функционерите односно избраните лица. Ние не можеме сега да отвараме за бивши функционери потекло на имот“, вели Николовска.

Слични содржини