Собранието го избра Пенов за нов министер за локална самоуправа

од Nikola Popovski
208 прегледи

Собранието со 63 гласа „За“ го избра Ристо Пенов од ЛДП за нов министер за локална самоуправа.

-Констатиран дека Ристо Пенов е избран за министер кој ќе раководи со министерството за локална самоуправа. Дозволете од името на сите пратеници да му честитам за изборот и да му посакам успех во работата, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во Собранието беа присутни 101 пратеник, а 30 гласаа „против“. Немаше воздржани.

После изгласувањето Пенов даде свечена изјава од собраниските клупи.

Слични содржини