338
Граѓаните да бидат спокојни со оваа Влада која секојдневно работи за да ги решава проблемите. И од 1-ви ноември ќе има топлинска енергија, склучен е договор на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително ТЕ-ТО која ќе покрива 60 до 70 отсто од потребите на топлинска енергија, информира министерот за економија, Крешник Бектеши.
За тоа со кои компании е склучено договор, Бектеши ги упати новинарите да се обратат во ЕСМ.
-Пропаднаа во вода сите изјави на одредени енергетски експерти дека требаше пред три месеци да направиме договори кога цената беше 3000 евра. Цените што ги склучи ЕСМ се двојно пониски од овие што ги кажуваа експертите во делот на снабдување со природен гас, рече денеска Бектеши на прес-конференција во Владата.