Кабинетот на Зеленски по гранатирањето утрово: „Се воведуваат итни прекини“

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Од раните утрински часови ширум Украина се огласуваат сирени за воздушен напад. Руските сили гранатираа неколку градови, а главна цел се инфраструктурни објекти.

Информациите за напади и штети пристигнуваат од минута во минута, а речиси во чекор ги следат видеа од социјалните мрежи кои покажуваат што е погодено.

На удар е и главниот ден на Украина, која според локалните власти била цел на 40 проектили. Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, енергетскиот објект кој снабдувал струја до 350.000 станови во Киев бил оштетен. Сите оние луѓе кои живеат во нив останаа без струја, а според последните информации нема вода во погодените делови на Киев.

По ударот на ракетата, пожар избувна и во хидроелектраната во Кременчуг, која се наоѓа во централна Украина. Исто така, погоден е и енергетски инфраструктурен објект во регионот Черновци во западна Украина.

На социјалната мрежа Телеграм е објавено и видео од трафостаницата во Запорожје, која е во пламен.

Засега не се знае точниот број на погодени згради од кои граѓаните на Украина се снабдуваат со електрична енергија, но обемот на нападот може да се погоди од објавата на познатиот украински блогер Анатолиј Шари, кој наведе дека се околу 18 објекти на енергетската инфраструктура се погодени од утрово.

Затоа утрово официјално беше соопштено од кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека ќе започнат итни прекини на струјата низ целата земја.

„Поради масовното гранатирање на виталната инфраструктура, се воведуваат итни прекини на електрична енергија“, напиша на Телеграм заменик-шефот на кабинетот на претседателот, Кирил Тимошенко.

Слични содржини