ВИДЕО: Руска ракета падна во Молдавија

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Руски проектил кој беше соборен од украински систем за противвоздушна одбрана падна во Молдавија, пренесува „Главком“ повикувајќи се на министерството за внатрешни работи на Молдавија.

„Утрово беше соборена ракета од украинскиот противвоздушен систем во северниот дел на градот Наславц во Република Молдавија, кој се наоѓа на границата со Украина. Во моментов нема повредени, но оштетени се неколку куќи во Наславц“, пренесе агенцијата.

Треба да се напомене дека украинските власти известија дека утринава бил извршен напад со дрон на браната Днестар на територијата на Украина, која се наоѓа на еден километар од браната во Навслач. Рускиот напад не ја оштети браната, но електричните компоненти поврзани со неа беа компромитирани. Украинските власти најавуваат дека во моментов нема опасност од поплави.

Инаку, силите на министерството за внатрешни работи на Молдавија го опколиле подрачјето каде паднала ракетата за да избегнат потенцијална опасност и се спроведува истрага, пренесува порталот Timpul.md.

Слични содржини