Директорот на протоколот на МНР си поднел оставка за грешката со словенечкото знаме

од Берта Китинска
151 прегледи

Одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.

Ова го потврди синоќа инистерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година, рече Османи во емисијата.

Министерството за надворешни работи откако беше згрешено знамето изрази длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите,

-Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на Министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста. Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, Министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата, посочија од МНР.

Словенечката министерка за надворешни во кабинетот на својот колега беше пречекана со знамето на Република Словачка.

Ова не е првпат Македонија да згреши на прашањето на познавањето на знамињата на државите од светот.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц во Скопје пред Владата, од страна на поранешниот премиер Зоран Заев беше пречекан со летонско знаме. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ беше дочекан во претседателската вила на Водно со црногорското знаме свртено наопаку, по што се извини претседателот Стево Пендаровски.

Слични содржини