Митовски: Димовски изврши кривично дело со објавувањето на лекарскиот извештај

од Берта Китинска
174 прегледи

Жалам што борбата за работнички права поради лични интереси на некои поединци се сведе на лична пресметка со мене, рече на денешната прес конференција в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Марјанчо Митовски, кој напомена дека до него нема стигната ниту една пријава за мобинг.

-До овој момент ниту еден редовно вработен не е избркан од работа. Точно е дека има хоризонтални поместувања кои не се со решение, кои не се трајни туку се времени задолжувања поради реална потреба на претпријатието. Ниту се скратени платите на овие привремено прераспоредени, ниту се намалени бодови за плата, ниту пак се деградирани на било каков начин, кажа Митовски.

Тој кажа дека не е точно дека се водат дисциплински постапки против 40 лица.В.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ посочи дека лекарскиот извештај, кој денес пред јавноста го обелодени првиот човек на ССМ Дарко Димовски, бил доказ во судска постапка во која тој тужел за мобинг на работно место.

-Сакам да го информирам Дарко Димовски дека со објавување докази дадени во судска постапка, кои содржат лични податоци тој изврши кривично дело по член 149 злоупотреба на лични податоци од Кривичниот законик – нагласи тој.

Митовски замина од прс-конференцијат без да дозоволи да му се постават новинарски прашања, велејќи дека новинарите можат прашањата може да ги пратат писмено.

Слични содржини