19, 20, 22, 52 и 54 – пет автобуски линии на приватниот превозник „Макекспрес“ трет ден не возат на редовните линии.
Велат ќе штрајкуваат сѐ додека не се подмири долгот од Град Скопје и ЈСП тежок над половина милион евра.
Александар Трајановски, заменик-градоначалник на Град Скопје во разговор за „Локално“ пред неколку дена посочи дека техничка неисправност, саботажа на системот за следење на движењето на нивните автобуси на Градот му дава право да ја преиспита оправданоста на висината на сумата која оваа група на приватни превозници ја побаруваат како надомест за нивните услуги.
-Од субстандардните услови на автобусите, нивната техничка неисправност, саботажа на системот за следење на движењето на нивните автобуси па се до неисправност на фискалните уреди и непочитување на утврдениот возен ред. Сето ова ни дава за право да ја преиспитаме оправданоста на висината на сумата која оваа група на приватни превозници ја побаруваат како надомест за нивните услуги. ЈСП и Град Скопје во неколку наврати укажаа на овие пропусти и недостатоци, дури беше даден и рок за да се подобрат квалитетот на авотбусите и нивната техничка исправност, појаснува заменикот на Арсовска.