Тајната на витката линија на Меган Маркл: Вака изгледа нејзиното мени!

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Кога некој ќе ја спомне Меган Маркл, првото нешто што им паѓа на ум на повеќето луѓе е нејзината беспрекорна облека, а потоа витката фигура која ја одржува совршена и на 41 година и по две породувања.

Нејзината фигура особено дојде до израз во последните неколку месеци, па истражувавме каква диета следи Меган.

Сигурно дека Меган поддржува и практикува здрав начин на живот, тренира, практикува јога, но исхраната најмногу и помага во одржувањето на витката линија.

Меган не крие дека е голем гурман, но љубовта кон храната успеала да ја усогласи со принципите на урамнотежена исхрана, со мал исклучок – не е толку ригорозна, а понекогаш си дозволува да ужива во омилените и не толку здрави намирници.

Според „Фабон“, Меган во текот на неделата практикува веганска исхрана, а за викендите јаде што сака.

Меган сака да готви, а не и е тешко да подготвува здрава храна, а една од омилените здрави алтернативи и е домашниот чипс од кељ, како и домашниот зелен сок, кој ги заменува оние купени во продавница.

Всушност, диетата на Меган не е комплицирана и вклучува многу зелени домашни сокови и храна зготвена со разни билки и зеленчук.

План за исхрана на Меган Маркл

Првиот принцип на нејзината исхрана е: никогаш не прескокнувајте појадок. Таа навистина се труди својот прв оброк да го направи хранлив и здрав.

Појадок: Меган секое утро го започнува со чаша млака вода во која цеди лимон.

Потоа следува појадок: овесна каша со банана и мед или сируп од агава или пудинг со чиа семе. Таа, исто така, јаде омлет со кашкавал, пржени јајца и тост од авокадо. Меган, исто така, често јаде торта од боровинки со крцкава сланина и јаворов сируп.

Ручек: Салата со храна богата со протеини или рибни такоси со полнети пиперки.

Ужина: путер од јаболко и бадем. Лубеница посипана со цимет. Зелен сок и домашен чипс од кељ со маслиново масло.

Вечера: Пилешко варено на филипински начин. Свежа морска храна. Тестенини со тиквички и кашкавал.

Слични содржини