Собранието изгласа измени на законите за здруженија и за политички партии

од Берта Китинска
146 прегледи

За измените на Законот за здруженија и фондации „за” гласаа 67 пратеници, ниту еден против и воздржани, а ист број пратеници гласаа „за” и за Законот за полититички партии, без ниту еден против и воздржани.

Со законот се забранува основање и упис на организации кои во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам национал-социјализам и третиот рајх.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи по гласањето на измените на Законот за здруженија и фондации порача дека со еден мал навидум незначителен закон се штити антифашистичкото минато на Македонија и историската вистина за нас, како и дека се затвори прашање што воопшто никогаш не требаше да се отвори.

-Денес конечно ги изгласавме измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на 7 октомври годинава, со кој се забранува основање и упис на организации кои во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам национал-социјализам и третиот рајх, рече на прес-конференција во Собранието Мизрахи.

Слични содржини