ВМРО-ДПМНЕ одговори за лидерската средба и што треба да се разговара во наредниот период. Ако има средба и зависи од форматот на таа тема, да учествуваме и да зборуваме. Затоа што од денеска има две нови теми – историски најголемиот буџет и смешно замрзнување на цените на огревно дрво. Ние сега правиме формат, ќе ги повикаме претседатели на партии. Па, тие се внатре во Собранието. Дајте за зборуваме за пакетот мерки, за тековни мерки, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој истакна дека начинот на покана за средба не се прави на тој начин.
-ВМРО-ДПМНЕ се надмина себеси, Мицкоски се надмина себеси и понуди решенија на одредени проблеми и поради тоа дојде до проширување на контактите за обезбедување на енергенси, рече Мицевски во емисијата „Само вистина“.
Тој додаде дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е европско крило во парламентот.
-Единствената разлика e тоа што сакаме да влеземе во таа Европа со кренати глави, а не понижени, додаде Мицевски.