МВР приведе едно лице во врска со лажните дојави за бомби во училиштата

од Nikola Popovski
255 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (02.11.2022) го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје.

-Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР.

Според полицијата, најнапред околу 14.30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потенцираа од МВР.

Денеска мејл со нова дојава за поставена бомба добила скопската гимназијата „Никола Карев“. Како што дозна „Локално“, на учениците им било кажано да си заминат од училиште, а на родителите им била испратена порака од класните раководители дека децата се испратени дома.

Слични содржини