Две медицински сестри во Домот за стари лица во Пеќ се уапсени поради видео кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како малтретираат постара жена, соопшти косовската полиција. Во меѓувреме, „Газета Експрес“ објави дека четири медицински сестри биле суспендирани поради овој случај.
Се прецизира дека лицата се уапсени околу 14 часот и 10 минути и дека во соработка со обвинителот ќе бидат преземени понатамошни мерки, јавува „Коссев“.
На видеото кое денеска беше главна вест во приштинските медиуми може да се види како старицата се обидува да се одбрани додека медицинска сестра повеќепати ѝ удира шлаканици по лицето и ја удира со клоци во стомакот.
Bože, osuši im ruke 🙏🙏🙏 pic.twitter.com/pjKqgc9KDE
— rođenNAOPAČKE (@eric_snowman_) November 2, 2022
Од Основното обвинителство во Пеќ соопштија дека во овој случај се ангажирани двајца обвинители.
Доријан Јунику, еден од двајцата обвинители во овој случај, за медиумите изјави дека се уапсени две лица со иницијали А.П. и А.Р.
„По добиените први сознанија во врска со настанот што се случи денеска во Пеќ, во соработка со полицијата, уапсени се две лица со иницијали А.П. и А.Р. под сомнение дека сторил кривично дело напад и учество во кривично дело „Извршување на кривично дело напад“, изјави Јунику, пренесува „Газета експрес“.
Во меѓувреме се огласил и портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Фадил Гаши, кој изјавил дека нападот на медицинската сестра врз старицата се случил пред пет дена (29.10).
Комората на медицински сестри, акушерки и други здравствени работници во своето соопштение наведува дека ваквото однесување не доликува на здравствените работници и дека ваквото однесување директно влијае на имиџот на здравствената заедница.