Со СДСМовски гласови, СДСМ загуби во Куманово, порача Пенов

од Nikola Popovski
249 прегледи

Новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов вечерва говореше за третата опција на политичката сцена во историјата на земјава.

-Тоа е најпогрешно толкување и мене ми смета дека Тупурковски одиграл улога да го донесе Љубчо Георгиевски на власт, Трифун Костовски одигра улога да го донесе Никола Груевски, Тито Петковски кој се одвои со директна улога за да направи Никола Груевски власт. Има практичен проблем. Се очекува колачот кај третата опција да е помал и никогаш не може да се постигне тој договор во распоредот на силите на кандидатите. Имаш шест изборини единици и треба да се обединат четири-пет партии и секој за првото место, изјави Пенов.

За одлуката на ЛДП да оди во коалиција со ДОМ на последните локални избори, Пенов вели дека „одиграле многу лошо“.

-Поразот на СДСМ на локално ниво не е главна вина кај ЛДП, бидејќи СДСМ на изборите влезе онака и си ги фрли изборите. Со СДСМовски гласови, СДСМ загуби во Куманово. Тој менаџмент треба да се прави на изборите. Мене ми изгледаше дека на Заев му беше преку и бараше повод за да си замине, рече Пенов во емисијата „Само интервју“.

Првата активност на министерот беше посетата на град Скопје, која беше негова поранешна функција.

-Шанса да си го видам поранешното работно место. Природно е како министер за локална самоуправа првата активност да ја започнам со најголемата единица на локална самоуправа и градоначалничката која е претседател на ЗЕЛС. Бев да разговарам кои се проблемите, односите со Владата и што може да се подобри . Интерес на Владата е скопјани да бидат задоволни од условите за живеење во Скопје, прецизира Пенов.

Слични содржини