Членот на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Андреј Петров смета дека Македонија не губи ништо со внесување на Бугарите во Уставот на земјата.
-Од друга страна, тоа не е нешто што го правиме како отстапка за Бугарија, туку дека е предлог на ЕУ со поддршка на САД и тоа е на маса. Околу тајминзите можеме да зборуваме, но обврската како држава треба да ја исполниме. Како граѓани, имаме право да бидеме повредени и да не ни се допаѓа, но лидерите на партиите мора дамислат што навистина и суштински е добро за земјата. Ние 30 години изгубивме време докажувајќи во нешто, 150 000 луѓе земаа бугарски пасоши. Тоа ли е патриотизам или државата да ја придвижиме напред кон ЕУ во тајминг според оној договор што сме го потпишале? Секоја дискусија е добра. Паметен е потегот на премиерот да се обиде да изгради заеднички став, рече Петров во емисијата „Вин-вин“ за лидерската средба меѓу лидерите на парламентарните партии и претставници на пратениците закажана за понеделник во Собранието.