Свикувањето на лидерските средби е одлика на земји со низок степен на демократските односи, од причина што пратениците воглавно при изнесување на нивте ставови и одлучување во Собранието, се поведуваат на ставовите на политичката партија чии репрезенти се, смета народниот правобранител Насер Зибери.
Според него, за да може да се олесни процесот на носење на одлуки, треба да се свика таква средба, каде што лидерите на партиите ќе ги дадат насоките доколку постигнат договор и тоа по автоматизам се рефлектира на одликите кои се носат во Собранието.
-Ова е типична карактеристика на земји каде што пратениците не носат одлуки по свое убедување, пратеници кои често пати зависат од ставовите на партиските раководства и лидери. Тоа директно или индиректно го стеснува продуктивниот и ефикасниот капацитет на изнесување на аргументи и носење на одлуки, изјави Зибери во емисијата „Клик плус“.