САД: Остатоците од кинескатата ракета веќе падна на Земјата, откриено на која локација

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Остатоците од кинеската ракета Long March 5b, кои неконтролирано паѓаа на Земјата и принудија неколку аеродроми да го затворат воздушниот простор и да ги прекинат летовите, паднаа во Тихиот Океан, соопшти Вселенската команда на армијата на САД.

Нешто по 11 часот се појавија првите информации дека кинеската ракета е видена како влегува во атмосферата над Мелбурн, Австралија, што било во согласност со предвидената орбита за влез. Отприлика во тоа време влезе над атмосферата на Јужниот Пацифик, според Вселенската команда на американската армија.

Да потсетиме, се работи за ракета која беше лансирана на 31 октомври и го носеше третиот модул на кинеската вселенска станица. Откако го испорача модулот до станицата, ракетата го започна своето неконтролирано враќање во атмосферата на Земјата.

Ова не е првпат кинеските ракети да предизвикаат загриженост ширум светот поради нивното неконтролирано враќање. Истото се случило неколку пати досега, што го поттикнало директорот на НАСА јавно да ги повика кинеските власти да преземат одговорност и контролирано да ги спуштаат своите ракети на Земјата.

Слични содржини