Финската премиерка Сана Марин беше ослободена од обвинението за недолично однесување поради видеото од забава што беше објавено во август.
Марин (36) мораше да се брани од јавни напади откако беше снимена како танцува со пријателите.
Десетици жалби беа испратени до финската влада, а многумина тврдеа дека нејзиното однесување „штети на угледот и безбедноста“ на Финска.
Министерот за правда Томас Појусти, сепак, заклучи дека Марин не ги запоставила своите премиерски должности, пренесува Би-Би-Си.
– Немаше причина да се сомневаме во незаконското однесување на премиерот, кршење на правилата и занемарување на службените должности – изјави Појусти по официјалната истрага.
По објавувањето на видеото, Сана Марин направила тест за дрога за да ги отфрли сите сомнежи, бидејќи на видеото се слушаат некои коментари поврзани со употребата на наркотици. Тестот бил негативен.
Таа рече дека видеото кое протече во јавноста е снимено во приватен простор додека таа била на забава со пријателите.
– И јас сум човек. И јас понекогаш копнеам за уживање и забава во овие тешки моменти – им изјави тогаш таа на новинарите.