139
Денеска со почеток во 12:00 часот претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе се обрати на Свеченоста по повод јубилејот 40 години РЕК Битола која ќе се одржи во Народен театар во Битола.
На настанот свои обраќања ќе имаат и министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола – Пеце Матевски.
Потоа, во 14:00 часот премиерот придружен од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми, ќе направи увид на градежни работи за рехабилитација на делницата Фариш – Прилеп, после превојот Плетвар.